За „Купи куќа, купи стан“ - раздолжување може и по десет години

Bez autora
Jul 15 2014

Граѓаните што ќе одлучат да користат субвенциониран станбен кредит преку акцијата „Купи куќа, купи стан“, нема да мора цели 20 години да го отплаќаат заемот, туку ќе може да го исплатат и по десет години, без притоа да и' ги враќаат субвенциите на државата. Откако Владата првично го стартуваше проектот „Купи куќа, купи стан“ пред неколку години, еден од условите беше корисникот што ќе земе ваков субвенциониран кредит да мора да ги отплаќа ратите во период од најмалку 20 години, а доколку сака пред истекот на овој рок да се раздолжи, ќе ги изгуби субвенциите што ги добил од државата.

За „Купи куќа, купи стан“ - раздолжување може и по десет годиниГраѓаните што ќе одлучат да користат субвенциониран станбен кредит преку акцијата „Купи куќа, купи стан“, нема да мора цели 20 години да го отплаќаат заемот, туку ќе може да го исплатат и по десет години, без притоа да и' ги враќаат субвенциите на државата.

Откако Владата првично го стартуваше проектот „Купи куќа, купи стан“ пред неколку години, еден од условите беше корисникот што ќе земе ваков субвенциониран кредит да мора да ги отплаќа ратите во период од најмалку 20 години, а доколку сака пред истекот на овој рок да се раздолжи, ќе ги изгуби субвенциите што ги добил од државата.

Според реакциите на дел од граѓаните што беа заинтересирани на овој начин да го решат станбеното прашање, овој услов им се чинеше ограничувачки, со оглед што ги врзува во следните 20 години да не размислуваат за предвремена отплата на кредитот.

По трагата на овие реакции „Утрински“ побара објаснување од Министерството за финансии, од каде ни одговорија дека овој услов е променет со една од претходните законски измени донесени пред неколку месеци, така што сега рокот на отплата е минимум десет години.

„Во согласност со последните измени во овој дел, корисникот кој зел ваков субвенциониран кредит, треба да го отплаќа најмалку десет години. Потоа, доколку, на пример, во меѓувреме му се подобрила финансиската ситуација, може да отиде во банката и да и' соопшти дека сака предвреме да го отплати кредитот, по што таа ќе му ја каже сумата што му преостанала, и тој може веднаш да ја исплати, без притоа да ги враќа субвенциите“, објаснуваат од Министерството за финансии.

Оваа измена на законот беше донесена во пакет со промената на уште неколку услови од проектот, а тоа беше вкупните приходи на двајцата брачни другари да не мора да бидат максимум до 900 евра, туку нивните вкупни плати да не надминуваат 1.300 евра, (за едно лице останува условот од 900 евра), како и да може да се конкурира за овој проект и доколку апликантот има во наследство половина куќа или половина стан. Сите овие критериуми претходно се чинеа лимитирачки за граѓаните, поради што тие не можеа да влезат во оваа акција, па затоа и се направија ваквите измени.

Додека, пак, вчера на собраниската комисија за финансирање и буџет поминаа најновите измени на законот за субвенциониран станбен кредит, кој ќе се гласа по скратена постапка, а со кои се намалија каматните стапки за првите години од користењето на кредитот. Односно, од претходните 4,99 проценти, тие се намалуваат на 3,95 отсто за првите три години од отплатата на кредитот, и од 5,5 проценти на 4,44 проценти за четвртата и петтата година, за моделот кај кој се субвенционира дел од месечниот ануитет.

Од Владата велат дека со измените, месечната рата за граѓаните ќе се намали за околу 1.800 евра за првите пет години од отплатата на кредитот, за кредит од 50.000 евра за купување стан, односно изградба или купување куќа. Трошоците за намалување на каматните стапки ќе се надоместат од државниот буџет.

Од последните измени на законот може да се заклучи дека најновото намалување на каматните стапки ќе важи за новите корисници. „Постапките започнати до денот на влегување во сила на овој закон, ќе завршат во согласност со одредбите од законот по кој се започнати“, гласи една од одредбите на новиот законски текст.

Инаку, проектот „Купи куќа, купи стан“ има два модела, половина рата или половина учество. Државата плаќа 50 отсто од месечната рата за кредит за стан или 75 отсто за кредит за куќа, или пак дава 50 отсто од учеството за купување стан или 75 отсто од учеството за купување, градење, надградување или доградување куќа. За стан би добиле неповратни средства до 10.000 евра, а за куќа 15.000 евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik